Ekipa
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
РИМ (АА) - Судот во италијанскиот град Милано донесе пресуда, според која на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони му е дозволено да се кандидира. Оваа пресуда е донесена пет години откако на Берлускони му беше судено за даночна проневера, пренесува Anadolu Agency (АА).
Миланскиот дневен весник „Кориере дела сера“ пишува дека Судот одлучил во корист на 81-годишниот Берлускони еден ден претходно, на барање на неговиот адвокат.
Со пресудата од 2013 година на Берлускони му беше забрането да се кандидира или да има јавна функција, а мораше да поднесе оставка и на функцијата во италијанскиот Сенат.
Берлускони доби можност казната од 2013 година да ја замени со работа за општо добро, што и го направи, помагајќи им на болните со Алцхајмерова болест.