Sıdrah Gufran Roghay
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Авганистанските сили денес спречија неколку координирани напади врз безбедносните контролни пунктови низ земјата, убивајќи над 100 талибански милитанти, се вели од Министерството за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството, 45 Талибанци се убиени во обид да го заземат градот Фарах, кој се наоѓа на границата со Иран.
„Од безбедносниот персонал, во судирите се убиени 16 лица“, се вели од Министерството.
Во друга акција во северната покраина Фарах, на границата со Узбекистан, убиени се 20 Талибанци, 15 во североисточната покраина Бадакшан, 19 во источната покраина Газни и 11 во покраината Пактика, на границата со Пакистан.
Исто така, убиени се и 23 милитанти на ДЕАШ во североисточната покраина Нангархар.
Талибанците тврдеа дека убиле 27 лица од безбедносниот персонал, покрај уништувањето и запленувањето големи количества оружје и возила во Фарах, како дел од годишните пролетни офанзиви.
Портпаролот на полицијата во покраината, Гор Игбал, за АА изјави дека Талибанците, исто така се обиделе да влезат во подрачјето Шахрак и дека нивните напори за заземање на областа се во тек. Потврдувајќи ги жртвите на двете страни, тој рече дека точните бројки сè уште не се познати.
Овие напади се случија откако Талибанците кон крајот на април ја започнаа својата годишна пролетна офанзива наречена „Аl-Khandaq“.