Oktaj Omeragikj
05 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската репрезентација на Унгарија во рамките на УЕФА Лигата на нации на домашен терен ја совлада Англија со резултат 1:0, известува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките од првото коло од УЕФА Лигата на нации, во групата 3 на Лигата А синоќа се одиграа средбите Унгарија - Англија и Италија - Германија.
Репрезентацијата на Унгарија направи пријатно изненадување совладувајќи ја Англија со резултат 1:0. Победоносниот погодок за домаќините го постигна Доминик Собослај со удар од белата точка во 66. минута од средбата.
Во вториот натпревар од истата група Италија и Германија ги поделија бодовите играјќи нерешено 1:1. Прва поведе Италија со голот на Лоренцо Пелегрини постигнат во 70. минута. Само 3 минути подоцна Германија го изедначи резултатот на 1:1 со погодокот на Џошуа Кимих.
Резултати од вчера одиграните натпревари во УЕФА Лигата на нации:
Ерменија - Ирска 1:0
Литванија - Луксембург 0:2
Финска - Босна и Херцеговина 1:1
Унгарија - Англија 1:0
Италија - Германија 1:1
Црна Гора - Романија 2:0
Турција - Фарски Острови 4:0