Hüseyin Kulaoğlu
27 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Во улицата во која се наоѓа Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, со помош на роботски камери прегледана е канализациската мрежа, јавува Anadolu Agency (AA).
Вработените во една приватна компанија, во вечерните саати, со употреба на роботски камери извршија пребарување на канализацијата во улицата во која се наоѓа саудискиот Конзулат, во кој е убиен саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Вработените внесоа роботска камера во канализациската мрежа, а пребарувањето го следеа со помош на екран.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври по влегувањето во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
По неколкудневно негирање дека имаат какви било сознанија за Кашоги, саудиските претставници минатата недела признаа дека новинарот е убиен во просториите на Конзулатот.
Истрагата за убиството и понатаму е во тек, а главна задача на истражувачите е пронаоѓање на посмртните остатоци на Кашоги и утврдување на одговорните за убиството.