Bahtiyar Abdülkerimov
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ТАШКЕНТ (АА) - Турција е регистрирана како земја која основала најмногу фирми во Узбекистан во првите 10 месеци од оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Државниот комитет за статистика на Узбекистан, Турција, во периодот јануари - октомври оваа година, основала 321 компанија и е рангирана на прво место меѓу земјите кои основале најмногу компании со странски капитал.
Според статистичките податоци на Узбекистан, во 10-те месеци од годината во земјава започнале со работа вкупно 1.808 странски капитални компании. Со тоа бројот на компании со странски капитал во земјава заклучно со 1 ноември достигна 13.283.
По Турција, Русија е втора со 296 компании, а Кина трета, со 219 компании. Основани се 166 компании со капитал од Казахстан и 80 компании со капитал од Јужна Кореја.
Компаниите со странски капитал најголем интерес покажаа за Ташкент, Самарканд и Фергана. Странските бизнисмени особено инвестираа во здравството, индустријата, трговијата, информатичките технологии, градежништвото и земјоделството.
Заклучно со 1 ноември, бројот на претпријатија со странски капитал во земјата е 13.283. Бројот на компании со руски капитал е 2.335, со кинески капитал - 1.942, со турски капитал - 1.830, а бројот на претпријатија со капитал од Казахстан - 1.056.
Минатата година во земјата се основани 1.490 претпријатија со странски капитал. Заклучно со 1 јануари 2021 година, вкупниот број на странски компании во земјата достигна 11.475.