Diyar Güldoğan
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
ТАШКЕНТ (АА) - Шавкат Мирзијојев (59) положи заклетва на функцијата претседател на Узбекистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот премиер, Мирзијојев е избран за претседател откако неговиот долгогодишен претходник, Ислам Каримов, почина во септември по 27 години на функцијата претседател. На 5. декември Либералната демократска партија со водство на Мирзијев обезбеди 88,61 отсто од гласовите.
Тој положи заклетва на заедничката седница на двата дома на Парламентот. Ставајќи ја неговата рака на Уставот и Куранот, тој вети дека „строго ќе ги следи Уставот и законите на Републиката, гарантирајќи ги правата и слободите на граѓаните, и совесно исполнувајќи ги обврските како претседател на Република Узбекистан”.
Во своето обраќање во Парламентот, Мирзијојев изјави дека ќе даде сè од себе да обезбеди мир и спокој во Узбекистан и да ја зајакне благосостојбата.