Sebahatdin Zeyrek,Cem Genco,Ümit Kahrıman,Oktaj Omeragik
14 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) - Конвој од 22 транспортни камиона кои во име на Обединетите нации (ОН) носат на средства за помош, го минаа граничниот премин Џилвеѓозу и влегоа во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако пристигнаа во градот Рејханли во областа Хатај, транспортните камиони што носат храна и лекови за Сиријците го продолжија својот пат, минувајќи го граничниот премин Џилвеѓозу и се упатија кон сирискиот град Идлиб. Истовремено, од градот Османие во Турција е испратена помош со транспортен камион со 25 тони брашно.