Bahtiyar Abdukerimov
05 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
ТАШКЕНТ (АА) - Според првичните резултати на вчерашните претседателски избори, за нов претседател на Узбекистан е избран кандидатот на владејачката Либерално-демократска партија, Шавкат Мирзијојев, кој освои 88,61 отсто од гласовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната изборна комисија на Узбекистан утринава ги соопшти првичните резултати на вчера одржаните претседателски избори, на кои со 88,61 отсто од освоените гласови, веќе во првиот круг победата ја славеше в.д. претседател и премиерот на таа држава, Мирзијојев.
Хотамжон Кетмонов од Народната демократска партија освои 3,73 отсто од гласовите, Нариман Умаров од Социјалдемократската партија на правдата доби 3,46 отсто, а Сарвар Отамуратов од Демократската партија на народната преродба собра 2,35 отсто од гласовите.
Ислам Каримов, кој почина во септември во 78. година од животот, владееше во Узбекистан во изминатите 27 години. Тој беше лидер на својата земја пред и по распадот на Советскиот Сојуз. На функцијата шеф на државата ќе го наследи неговиот најблизок соработник Мирзијојев.