Esin Eşkinat Sayılgan
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Во областа Кенсингтон во Филаделфија, која е еден од центрите на кризата со дрога во Соединетите Американски Држави (САД) и познат како „најголемиот пазар на хероин на источниот дел“ на земјата снимени се застрашувачки слики на стотици луѓе, главно бездомници како користат дрога, јавува Агенција Анадолија (АА).
Улиците на Кенсингтон, преполни со луѓе кои користат дрога, снимени од страна на Агенција Анадолија (AA), ги откриваат димензиите на бездомништвото и кризата со дрога.

Во населбата која е опишана како „најголем пазар за хероин на источниот дел“ доаѓаат многу зависници од градот и надвор од државата, а дел од овие луѓе остануваат во градот.
Според податоците на Одделот за здравство во Филаделфија, во регионот во 2020 година 1.214 лица го загубиле животот поради предозирање со дрога, а оваа бројка се зголемува секоја година.

Властите велат дека причината за зголемувањето на стапката на смртност е синтетичката дрога наречена фентанил, која е во зголемена употреба во последниве години во регионот.
Националниот институт за здравје на САД (NIH) соопшти дека фентанилот е еден вид опиоиден лек против болка, 50 до 100 пати посилен од морфинот, и дека тоа е причината број еден за кризата со дрога и смртните случаи од предозирање во САД, од 2013 година.

Гувернерот на сојузната држава Пенсилванија, Том Волф, по посетата на Кенсингтон во септември се извини за штетата што кризата со дрога ја нанесува на градот.
Волф, истакнувајќи дека зависниците од дрога заслужуваат квалитетен третман и поддршка, вети дека ќе се справува со кризата со дрогата предизвикана од опиоидите.