Турските сили уништија 28 терористички цели во северниот дел на Ирак
Според соопштението на Генералштабот на турската Армија, вчера била извршена воздушна операција во Метина, Зап, Авашин-Басјан, Хакурк, Гара и Кандил, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Yeşim Sert Karaaslan
11 Јули 2018•Ажурирај: 11 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција во северниот дел на Ирак, при што уништија 28 терористички цели, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Генералштабот на турската Армија, вчера била извршена воздушна операција во Метина, Зап, Авашин-Басјан, Хакурк, Гара и Кандил, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Во рамките на оваа воздушна операција се уништени 28 цели на сепаратистичката терористичка организација, кои биле користени како засолништа и магацини.