Serdar Dincel
12 Ноември 2025•Ажурирај: 12 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес се сретна со Рустем Умеров, секретар на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, во Истанбул, соопшти Министерството за надворешни работи на турската платформа за социјални медиуми „NSosyal“, пренесува Анадолу.
Засега нема објавено дополнителни детали за посетата.
Средбата се одржа во рамките на посетата на Умеров на Истанбул. Тој претходно преку Телеграм истакна дека целта на неговата посета на Истанбул е да се продолжи со размена на воени заробеници со Русија.