Selen Temizer
24 Септември 2021•Ажурирај: 27 Септември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, истакна дека блиската соработка и координација со Турција е основа на односите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Борел по средбата со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во Њујорк, на својот профил на Твитер напиша:
„Убаво е да се види Чавушоглу за време на Генералното собрание на ОН“ и додаде дека разговарале за кипарското прашање, ситуацијата во Источниот Медитеран и Авганистан, како и односите ЕУ - Турција.
„Блиската соработка и координација со Турција е од суштинско значење“, нагласи Борел.
По состанокот, и министерот Чавушоглу ја сподели својата порака.
„За меѓународна и регионална стабилност, од суштинско значење е ЕУ да соработува со Турција“, истакна Чавушоглу.