свет

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Борел:„ЕУ не ги заборава другите бегалци околу светот во услови на војна во Украина“

- За време на работниот ручек, министрите за развој на ЕУ дискутираа за влијанието на војната во кризните региони во светот

Ekip  | 20.05.2022 - Обновена : 22.05.2022
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Борел:„ЕУ не ги заборава другите бегалци околу светот во услови на војна во Украина“

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) не ги заборава сириските и другите бегалци околу светот во услови на војна во Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи на заедничка прес-конференција пред работниот ручек со министрите за развој на ЕУ во Брисел, Жозеп Борел и високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, предупредија дека на бегалците низ светот и понатаму им е потребна помош.

Тие, исто така објаснија дека бројот на бегалци низ светот е значајно зголемен споредбено со 84-те милиони од минатата година, откако 6 милиони Украинци ја напуштија нивната земја, а 8 милиони други се внатрешно раселени.

„Украина претставува прашање на итност поради масата [бегалци] и сериозноста на ситуацијата“, рече Борел, но истакна дека „ЕУ не ги заборава Сиријците“ и бегалците во Либан, Авганистан или Венецуела.

Гранди тврди дека војната во Украина може кревката ситуација за бегалците да ја направи „уште покревка“ со влошување на несигурноста во храната, енергетската криза и зголемувањето на цените.

„Нестабилноста може да предизвика поголемо разочарување“, предупреди тој, повикувајќи „соодветно внимание“ да биде упатено на кризите во Африка, Средниот Исток и Латинска Америка.

Министрите за развој на ЕУ денеска одржаа состанок за да дискутираат за одговорот на блокот кон војната на Русија со Украина, како и за влијанието на војната во кризните региони.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın