Sarp Özer
28 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
АНКАРА
Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар се состана со ирачкиот министер за одбрана Џумах Енад Садон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението дадена од Министерството за национална одбрана на Турција, Акар и неговиот ирачки колега Saadoonn покрај тет-а тет средбата, одржаа и средба заедно со делегациите.
На средбите, како што пишува во соопштението разговарано е за борбата против тероризмот и регионалните прашања.
Акар на средбата, истакнал дека Турција, го почитува политичкото единство и територијалниот интегритет на сите соседи, на чело со Ирак.
Исто така министерот Акар, го истакнал задоволството од координацијата со ирачката влада во борбата против тероризмот, а исто така ја потенцирал важноста таа соработка да продолжи со зголемен интензитет.
За време на состанокот, Акар ја изразил и решеноста на Турските вооружени сили да ја заштитат безбедноста на нацијата и нејзините граници и да се стави крај на тероризмот.