Nuri Aydın,Gökhan Varan
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
АНКАРА
Во светот со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) досега се заразени повеќе од 81,6 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer" објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка ситуација од почетокот на пандемијата Ковид-19, а според најновите податоци бројот на случаи на заразување со Ковид-19 во светот е зголемен на 81.673.000.
Досега во светот од последиците на заразување со Ковид-19 починаа 1.781.544 лица, додека се опоравија повеќе од 57,7 милиони.
Пандемијата Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде е потврдено заразувањето кај 19.781.624 лица.
Според бројот на заразени, по САД следуваат: Индија (10.224.797), Бразил (7.506.890), Русија (3.078.035), Франција (2.562.646), Велика Британија (2.329.730), Турција (2.162.775), Италија (2.056.227), Шпанија (1.894.072) и Германија (1.670.194).