свет

Акар: „Турција со САД сака силни и блиски односи“

Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, рече дека верува оти одлуката на САД за повлекување од Сирија ќе биде спроведена во согласност со заедничките интереси и во координација и соработка со Турција.

Kasım İleri, Sarp Özer  | 23.02.2019 - Обновена : 24.02.2019
Акар: „Турција со САД сака силни и блиски односи“

ВАШИНГТОН (AA) - Делегација на Република Турција во која се наоѓаат министерот за одбрана, Хулуси Акар и началникот на Генералштабот на турската војска, Јашар Гулер, престојува во посета на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

Во Пентагон тие се состанаа со вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шанахан, началникот на Генералштабот на американската војска, Џозеф Данфорд и со други американски функционери.

Акар изјави дека Турција со САД, кои ги нарече стратешки партнер, сака да ги продолжи силните и блиски односи.

„Веруваме дека одлуката на САД за повлекување од Сирија ќе биде спроведена во согласност со нашите заеднички интереси и во координација и соработка со Турција. Како два стратешки партнери и сојузници, мораме да соработуваме во борбата против сите облици на тероризмот. Во тој контекст, ја делиме нашата посветеност во борбата против терористичките организации ПКК/ЈПГ, ДЕАШ и особено против ФЕТО. Тежнееме кон сигурноста, стабилноста и мирот во Сирија и пошироко“, рече Акар.

Шанан нагласи дека соработката меѓу двете земји во областа на безбедноста трае со децении.

„Денес нашата врска продолжува во Сирија, Авганистан, Ирак и во Косово“, рече тој, порачувајќи дека ќе продолжат да бараат решение за проблемите и предизвиците во Сирија.

„Разбираме дека ова прашање е многу сложено, но имаме многу паметни луѓе кои работат на овој случај“, рече Шанахан.

На прашањето на новинарите за задачите на американските војници кои ќе останат во Сирија, одговори дека мисијата на САД во борбата против ДЕАШ не се сменила.

„Се наоѓаме во период на транзиција за да обезбедиме стабилност во регионот. Соработуваме со нашите партнери за да ги подобриме локалние сили во поглед на сигурноста и способноста“, рече Шанахан.

На новинарско прашање за проблемот на курдскиот народ во регионот, Акар рече дека Турција нема никаков проблем со Курдите.

„Немаме никаков проблем со Курдите во Турција и надвор од земјата, ниту со некои други етнички групи. Ние се бориме против терористичките организации, наша цел се само терористите“, рече Акар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın