Bilal Güler
08 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
КАБУЛ (АА) - Агенцијата за вонредни состојби на Република Туркије (АФАД) им подели помош во храна на стотици авганистански семејства погодени од земјотресот, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Во соопштението на АФАД се наведува дека агенцијата врачила помош на семејствата чии домови биле уништени или оштетени во областа Гијан во провинцијата Пактика.
Станува збор за помошта која пристигнала во „Возовите на добрина“, испратена од Туркије за да помогне во ублажувањето на хуманитарната криза во Авганистан.
Врачената помош се состои од пакет со основни прехранбени производи.
Координаторот на АФАД, Џем Ердоган, рече дека ќе продолжат да дистрибуираат пакети во регионите погодени од земјотреси и поплави.
„Туркије, нејзините институции и народ секогаш ќе бидат со авганистанскиот народ“, рече Ердоган.
Речиси 1.200 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 5,9 степени што го погоди источниот дел на Авганистан на 22 јуни.