свет

Тунис: Спасени 366 мигранти, пронајдени 17 тела на настрадани

Земјите од Северна Африка, меѓу кои и Тунис и Либија, се честа транзитна рута за мигрантите кои сакаат преку Средоземното Море да стигнат до Европа.

Yosra Ouanes, Muhammed Semiz  | 22.07.2021 - Обновена : 23.07.2021
Тунис: Спасени 366 мигранти, пронајдени 17 тела на настрадани

ТУНИС (АА) - Во водите на Меднин, на југоистокот на Тунис, смртно настрадаа 17 мигранти, а 366 се спасени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Директорот на Црвената полумесечина на Тунис за Меднин, Монги Селим, соопшти дека во близина на брегот на Зерзис се случил дефект на брод, а во координација со Туниската морнарица спасени се 366 лица.

„Пронајдени се телата на 17 мигранти кои се задушиле од чадот“, соопшти Селим, и додаде дека настраданите и спасените по потекло биле од Бангладеш.

Селим рече дека спасените мигранти ќе бидат во карантин во центарот на Меднин.

Земјите од Северна Африка, меѓу кои и Тунис и Либија, се честа транзитна рута за мигрантите кои сакаат преку Средоземното Море да стигнат до Европа.

Секоја година, во потрага по подобар живот, илјадници луѓе тргнуваат на опасното патување од Африка кон Европа. Дел од нив успеваат да стигнат до Европа, но многу од нив се дават во морето.

Карлота Сами, портпаролка на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, на 4 мај соопшти дека од почетокот на 2021 година до мај, на пат кон Европа во морето смртно настрадале најмалку 500 мигранти.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.