свет

Тунис: Протести против полицискиот час во рамки на мерките против Ковид-19

За време на протестите во местото Тадамен во Тунис, настанаа и тензии меѓу демонстрантите и безбедносните сили

Ekipa  | 20.01.2021 - Обновена : 21.01.2021
Тунис: Протести против полицискиот час во рамки на мерките против Ковид-19 Фото: Yassine Gaidi/АА

ТУНИС (АА) - Стотици лица во северноафриканската држава Тунис, особено во главниот град Тунис, организираа протести против полицискиот час што се спроведува од страна на властите со цел спречување на ширењето на новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Тунис во рамки на мерките против Ковид-19 спроведува полициски час од 14 јануари.

За време на протестите во местото Тадамен во Тунис, настанаа и тензии меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Безбедносните сили интервенираа со солзавец врз демонстрантите.

Во некои градови во земјата се организираа протести против полицискиот час, при што често интервенираа безбедносните сили.

Исто така, за време на протестите приведени се стотици лица. Демонстрантите бараат ослободување на приведените лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın