Riyaz Ul Khaliq
20 Јануари 2021•Ажурирај: 21 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Тројца кинески производители на вакцини аплицираа за глобалниот механизам Ковакс, предводен од Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Синовак, Синофарм и КанСиноБио поднесоа барање да се приклучат на механизмот што има за цел да обезбеди вакцини против Ковид-19 за сиромашните земји“, изјавила портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, на прес-конференција, јави весникот „Глобал тајмс“.
„Кинеските производители на вакцини против Ковид-19 се во комуникација со СЗО за претходно квалификување на листата за итни случаи“, додаде таа.
Освен овие три, во Кина се развиваат уште 12 кандидати за вакцини.
Вакцини против Ковид-19, направени во Кина, се нарачани од најмалку 18 земји - Индонезија, Бразил, Чиле, Турција, Филипини, Малезија, Тајланд, Украина, Сенегал, Унгарија, Перу, Србија, Пакистан, Саудиска Арабија, Мароко, Аргентина, Египет и ОАЕ.