Islam Uddin
19 Октомври 2025•Ажурирај: 20 Октомври 2025
АНКАРА (АА) — Пожарникарите вчера се бореа со голем пожар што избувна попладнето во кулата Чиначем во Централниот деловен округ на Хонгконг. Во пожарот се повредени три лица, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Полицијата соопшти дека сериозноста на пожарот била зголемена за неколку минути, бидејќи пламените јазици се ширеле брзо, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Според првичните извештаи, 3 лица биле заробени во лифт кога избувнал пожарот. Екипите за итни случаи ги спасиле, а двајца од повредените биле пренесени во болница на лекување.
Пожарот предизвикал привремено затворање на патиштата и големи нарушувања во една од најпрометните комерцијални области во Хонг Конг.