Fatma Nur Duman Arı
18 Октомври 2025•Ажурирај: 20 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската хуманитарна фондација за човекови права и слободи (ИХХ) ги започна активностите за отстранување на урнатините и чистење на Газа, која беше опустошена во бруталните израелски напади, известува Анадолу.
Фондацијата објави дека ИХХ спроведува нова активност во Газа.
Во тие рамки, во северна Газа се започнати напори за чистење на околината, отворање патишта и отстранување на отпадот. На тој начин ќе се забрза процесот на закрепнување на регионот.
Тешка механизација активно работи на терен за повторно отворање на улиците и патиштата покриени со отпад, со цел да се обнови животниот простор на локалното население.
Фондацијата, која во Газа работи во широк спектар на области, вклучувајќи храна, засолниште, хигиена, психосоцијална поддршка и здравствена заштита, ќе продолжи да ја поддржува Газа и со своите активности на чистење на животната околина.