свет

Трамп ќе ја тужи Невада поради усвоениот закон за гласање преку пошта

- Пратениците во Невада вчера усвоија закон со кој се дозволува гласањето преку пошта, на кое американскиот претседател жестоко се спротиставува.

Vakkas Doğantekin  | 03.08.2020 - Обновена : 04.08.2020
Трамп ќе ја тужи Невада поради усвоениот закон за гласање преку пошта

АНКАРА

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ќе ја тужи американската сојузна држава Невада која вчера го усвои законот со кој се дозволува гласање преку пошта, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Во нелегален удар доцна синоќа, гувернерот на Невада им оневозможи на Републиканците да победат во државата. Поштата никогаш нема да може да се справи со поштенскиот сообраќај на гласачки ливчиња без подготовка. Користење на Ковид-19 за да се украде државата. Се гледаме на суд“, напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер.

Пратениците во Невада вчера усвоија закон со кој се дозволува гласањето преку пошта, на кое американскиот претседател жестоко се спротиставува.

Невада, заедно со Калифорнија, Вермонт и пет други сојузни држави, планираат на сите активни гласачи да им испратат гласачки ливчиња пред изборите во ноември, откако гувернерот Стив Сисолак ќе го потпише законот.

Трамп долго време тврди дека гласањето преку пошта ќе доведе до измама и ќе го загрози интегритетот и транспарентноста на изборите.

„Демократите сакаат да ја искористат пандемијата за да го уништат изборниот интегритет. Помогнете ни да се бориме и http://ProtectTheVote.com“, напиша претседателката на Републиканскиот национален комитет Рона Мекданиел, чија порака денес Трамп ја постави на својот официјален профил на Твитер.

Демократите тврдат дека гласањето преку пошта е побезбедно во услови на пандемијата на Ковид-19 во САД, каде што бројот на заразени достигна 4,7 милиони, а починати се 155.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.