Ömer Tuğrul Çam
03 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
БРИСЕЛ
Мариета Буверн, која ја носи титулата „најстара личност во Белгија“, почина на 111 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на локалните медиуми, Буверн, која е родена на 25 декември 1908 година и последните години ги поминала во старечки дом во Гент, починала од причини поврзани со нејзината возраст.
Во изјавата дадена од старечкиот дом се нагласува: „Напредната возраст за Мариета Буверн не преставуваше благослов. Таа не сметаше дека долгиот век на живеење е еден вид на подарок за нејзе. Тоа го повторуваше на секој нејзин роденден.“
„За Мариета Буверн, нејзината напредна возраст не беше благослов. Таа не сметаше дека живеењето толку долго е подарок што ѝ беше даден. беше дадена изјава
Буверн се омажила во 1932 година, а по смртта на нејзиниот сопруг во 1960 година, таа повторно не вклегла во друг брак.
Буверн немала деца и долги години работела како секретарка кај еден нотар. Таа до својата 95 години живеела сама во стан, а потоа е преселена во дом за старци.
Најстарата Белгијанка немала живи роднини, а од нејзе останал само канаринец по име „Чико“.
Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата личност која моментно живее во светот е Јапонка, по име Кане Танака, на возраст од 117 години.