Büşra Selvi Öğütcen,Nazlı Yüzbaşıoğlu
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
АНКАРА
Со новиот тип на коронавирус кој за прв пат се појави во кинескиот град Вухан во светот се заразени повеќе од 18.261.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, покажуваат дека од последиците на вирусот починале 693.414 лица.
Бројот на заразени е зголемен на 18.261.622, додека оздравени се 11.462.123 лица кај кои претходно е потврдено заразување со Ковид-19. Во светот се активни 6.106.085 случаи на Ковид-19.
Во САД, каде што се потврдени најмногу случаи на заразување и смртни случаи поради Ковид-19, заразувањето е потврдено кај 4.814.364 лица, додека од последиците предизвикани од вирусот починаа 158.375 лица.
Земји, покрај САД, со повеќе од 100.000 случаи на заразување се Бразил (2.733.677), Индија (1.808.322), Русија (856.264), Јужна Африка (511.485), Мексико (439.046), Перу (428.850), Чиле (359.731), Шпанија (335.602), Колумбија (317.651), Иран (312.035), Велика Британија (304.695), Пакистан (280.029), Саудиска Арабија (278.835), Италија (248.070), Бангладеш (242.102), Турција (232.856), Германија (211.567), Аргентина (201.919), Франција (187.919), Ирак (129.151), Канада (116.884), Индонезија (113.134), Катар (111.322) и Филипини (106.330).
Земји со над 5.000 смртни случаи, покрај САД се Бразил (94.130), Мексико (47.746), Велика Британија (46.201), Индија (38.201), Италија (35.154), Франција (30.265), Шпанија (28.445), Перу (19.614), Иран (17.405), Русија (14.207), Колумбија (10.650), Белгија (9.845), Чиле (9.608), Германија (9.226), Канада (8.945), Јужна Африка (8.366), Холандија (6.149), Пакистан (5.984), Еквадор (5.750), Шведска (5.743), Турција (5.728) и Индонезија (5.302).