Sinan Doğan
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
АНКАРА
Бројот на луѓе кои починаа поради пандемијата од новиот вид на коронавирус (Ковид-19) во Перу се искачи на 19.614, а во Колумбија на 10.650, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата дадена од Министерство за здравство на Перу, во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 животот го загубиле 206 лица, со што вкупната бројка на починати е зголемена на 19.614.
Последното деноноќие бројот на заразени со коронавирусот во земјата се зголеми за 6.667 и изнесува 428.850.
Бројот на оздравени во земјата достигна 294.187.
- Колумбија
Во Колумбија, во последните 24 часа починаа 320 лица поради вирусот, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 10.650.
Со тоа, во Колумбија е забележан „најголем број починати и лица позитивни на Ковид-19 во текот на едно деноноќие од почетокот на пандемијата“.
Во земјата, бројот на случаи на Ковид-19 се зголеми на 317.651, од кои 11.470 се детектирани во последните 24 часа.
Во Колумбија, во последните 24 часа оздравее 6.531 лица претходно заразени со вирусот. Вкупната бројка на оздравени се зголеми на 167.239.