Fatma Esma Arslan
03 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
ДАКАР
Во Маврициус, островска земја која се наоѓа во Индискиот Океан, оздравени се сите пациенти кои биле заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Во соопштението се вели дека со оздравување и на последниот пациент, во земјата веќе нема активни случаи на Ковид-19.
Во оваа земја се регистрирани вкупно 334 случаи на заразеност со овој вирус, додека како последица на пандемијата починаа 10 лица.
Маврициус моментално е единствена африканска земја каде сите пациенти се оздравени од Ковид-19.
Инаку, оваа земја претходно соопшти дека границите на државата ќе ги отвори на 15 јули, но тоа е одложено до 31 август.