Bojana Stojanovic
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
БЕЛГРАД
Во Србија осум лица починаа од последиците на Ковид-19 во претходните 24 часа, заразени се уште 258 лица, а до денес се хоспитализирани 3.554 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 26.451 случаи на заразување.
Од вчера, тестирани се 7.168 лица, од кои 258 се позитивни на Ковид-19.
Во претходните 24 часа, починаа уште осум лица, со што бројот на починати се зголеми на 598. Процентот на смртност е 2,26 отсто.
Во Србија на респиратори се врзани 146 пациенти.
До сега се тестирани 693.656 граѓани.