свет

Трамп тврди дека му пораснала популарноста поради процесот за импичмент

„Ова е навистина многу тажна работа за нашата земја, но изгледа политички ќе биде многу добра за мене“

Michael Hernandez  | 14.12.2019 - Обновена : 15.12.2019
Трамп тврди дека му пораснала популарноста поради процесот за импичмент

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, го нарече измама процесот за неговото отповикување, напоменувајќи дека нема многу да му пречи долгото судење во американскиот Сенат, јавува Агенција Анадолија (AA).

Во обраќањето пред новинарите во Белата куќа, откако Одборот за правосудство на Претставничкот дом одобри две обвиненија против него, Трамп го осуди целиот процес и го нарече срамен.

„Ова е навистина многу тажна работа за нашата земја, но изгледа политички ќе биде многу добра за мене“, рече Трамп, додавајќи дека му пораснала популарноста по приказната за импичмент.

Тој нагласи дека сакал да го види свиркачот поради чии жалби демократите и го започнаа импичментот.

Одборот за правосудство на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) во петокот одобри два члена во постапката за отповикување на Трамп, а станува збор за опструкција на Конгресот и злоупотреба на овластувањата.

По дводневната расправа, со 23 гласа „за“ и 17 „против“, беа прифатени двата члена во постапката за отповикување. Сите демократи гласаа „за“, додека републиканците се спротивставија на одлуката која сега оди пред Претставничкиот дом на гласање.

Ако и Претставничкиот дом прифати барем еден од двата члена, ќе следува постапка во Сенатот, каде што американскиот претседател ќе се соочи со обвиненија во амбиент сличен на судење.

Сè уште не е познато кога Претставничкиот дом ќе одржи гласање, но се очекува тоа да се случи пред паузата на работата на Конгресот поради божиќните празници следната недела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın