Safvan Allahverdi,Michael Hernandez
15 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вчера отворено ги осуди групите што стојат зад собирите на омраза што изминатиов викенд се одржаа во Вирџинија и брзо прераснаа во насилни судири, јавува Anadolu Agency (AA).
„Расизмот е лош“, рече Трамп во Белата куќа. „Оние кои предизвикуваат насилство во негово име се криминалци и насилници, вклучувајќи ги и ККК, неонацистите, белите супремасисти и другите групи на омраза кои се одвратни на сето она што го ни е драго како Американци“.
Трамп се соочи со порој од критики откако во своите првични коментари директно не ги спомена групите на омраза што стоеја зад митингот, во кој загигна едно, а речиси 20 лица беа повредени во Шарлотсвил.
Извршниот директор на „Merck Pharmaceuticals“, Кенет Фрејзер, одлучи да поднесе оставка од Американскиот совет за производство на Трамп претходно, во текот на вчерашниот ден.
Фрејзер е еден од само неколкутемина Афроамериканци извршни директори на компанија од листата „Fortune 500“ и во изјавата во којашто ја наведе неговата оставка истакна дека Трамп мора да ги почитува нивните фундаментални погледи со јасно отфрлање на говорот на омраза, фанатизмот и надмоќ на оддделна група.
Тој не го спомена директно претходниот одговор на Трамп за насилните судири оваа недела, но рече дека како извршен директор на „Merck“ (Мерк) и поради лична совест чувствува одговорност да заземе став против нетолеранцијата и екстремизмот.
Трамп го искритикува Фрејзер на „Twitter“ (Твитер), велејќи дека по неговото заминување од советот, извршниот директор ќе има повеќе време за да ги намали цените на лековите.
Џејмс Алекс Филдс помладиот (20) беше идентификуван како возач на возилото кое влета во толпата во саботата.
Хедер Хејер, приправник-адвокат кој ги придружуваше антидемонстрантите беше убиен во несреќата.
Филдс помладиот беше фотографиран во првиот ред на белиот супремасистички собир, заедно со други бели мажи кои држеа штит украсен со црно-бел амблем на една од групите на омраза кои учествуваа на собирот од петокот до саботата.
Групата „Вангард Америка“ (Vanguard America), негираше дека Филдс е нејзин член.
Пред да се состане со американскиот претседател Трамп во Белата куќа, јавниот обвинител Џеф Сешнс го опиша злобниот напад како домашен тероризам.
„Тоа се совпаѓа со дефиницијата за домашен тероризам во нашиот статут“, изјави Сешнс за „ABC News“ (Еј-би-си њуз).
„Ние го следиме во [Одделот за правда] на сите начини за да отвориме случај“.
„Можете да бидете сигурни дека ќе ја водиме и ќе ја унапредиме истрагата за најсериозните обвиненија што можат да се донесат, бидејќи ова е недвосмислено неприфатлив, зол напад“, рече Сешнс.