Ekipa
20 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Aмериканскиот претседател, Доналд Трамп, во врска со настојувањата на нафтениот картел ОПЕК да ја одржи високата цена на нафтата на светскиот пазар, рече дека не се добри и дека тоа нема да биде прифатено, пренесува Anadolu Agency (AA).
Коментарот на Трамп на Твитер утрово е објавен во периодот кога во Џеда се состануваат претставниците на земјите од ОПЕК и министрите од земјите блиски соработници, за да разговараат за договорот за одржување на намалувањето на производството на нафта, со што цените би останале високи. Земјите од ОПЕК, како Саудиска Арабија и нејзините сојузници во договорот како што е Русија, зависат од високите цени на нафтата, бидејќи така ја зголемуваат нивната финансиска моќ.
„Со рекордни количини на нафта ширум светот, вклучувајќи ги и целосно полните бродови низ морињата, цените на нафтата се вештачки многу високи! Тоа не е добро и нема да биде прифатено“, порача Трамп преку Твитер.
Тој не објасни на кој начин ќе ги неутрализира настојувањата за одржување на високите цени на нафтата.