Kerem Kocalar
20 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
ГАЗИАНТЕП (АА) - Главните уредници на редакциите на Anadolu Agency (АА) на странски јазици и уредниците на редакцијата за Меѓународни вести на АА, го посетија градот Ал Баб во подрачјето на Алепо, Сирија, кој беше ослободен во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“.

Главните уредници на АА од сите страни на светот кои престојуваат Турција по повод Годишниот состанок на уредници на АА, го посетија бегалскиот камп „Елбејли“ наменет за сириските бегалци, во турскиот град Килис, и беа информирани во врска со активностите од страна на заменик гувернерот на Килис, Омер Јилмаз.

Уредниците во кампот се сретнаа со учениците и курсистите кои се школуваат во училиштата и образовните центри, а потоа преку граничниот премин „Чобанбеј“ пристигнаа во Ал Баб, Сирија, кој беше ослободен во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Уредниците го посетија и ридот Акил кој за време на операцијата имаше стратешко значење, каде засадија садници, а потоа се сретнаа со заменик гувернерот на Газиантеп, а воедно и претседател на Центарот за координирање на хуманитарната помош во Ал Баб, Шенол Есмер.

Тие разменија мислења околу активностите кои се реализираат во градот, а по средбата со претставници на локалното Собрание во Ал Баб, се прошетаа низ градот.
Заменик гувернерот на Килис, Омер Јилмаз, истакна дека Турција нуди поддршка за благосостојбата на сириските бегалци и лицата кои живеат во ослободените територии.
„Упатувам благодарност до вработените на Anadolu Agency (АА) кои дојдоа од различни земји во светот и беа наши гости. Се надевам дека ќе имате добри средби, и кога ќе се вратите во вашите земји, ќе имате можност подобро да го раскажете она што го прави Турција тука“, додаде тој.
Заменик гувернерот на Газиантеп, Шенол Есмер, нагласи дека од денот на ослободувањето на Ал Баб, реализирале активности речиси во секоја област, и го претвориле ова подрачје во едно место погодно за живеење.

Есмер нагласи дека во Ал Баб реализираат активности во повеќе области како што се образованието, инфраструктурата, општествениот живот и развој.
Како што информираше Есмер, во градот е формирана локална полициска сила, додека локалниот парламент реализира работи во насока на развојот.
Тој рече дека персоналот на АА има значајна задача за подобро да му пренесат на светот какви активности се вршат во подрачјето.
Уредниците на АА по нивните средби во Ал Баб се вратија во Килис, Турција.