Ali Cura
20 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјавата на САД дека ќе воведат санкции против Турција поради одлуката за купување на одбранбениот ракетен систем S-400 ја оцени како обид за уцена, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров, по средбата со својaта австриска колешка, министерката Карин Кнеиси одржа прес-конференција.
На прашањето во врска со изјавата на Вес Мичел, заменик министерот за надворешни работи на САД, дека постои можност САД да воведе санкции против Турција поради купувањето на рускиот одбранбен ракетен систем С-400, Лавров одговори „Ова е пример за обид на уцена, кој ќе им овозможи нелојална конкуренција на американските компании“.
Лавров потсети дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на слично прашање за одбранбениот ракетен систем С-400, одговорил дека тоа е ‘национална одлука’ на Турција. „Најверојатно САД, како членка на НАТО, ќе треба да го послуша заедничкото гледиште кое го искажа генералниот секретар на Северноатлантска алијанса“, рече Лавров.
Американскиот заменик министер за надворешни работи на САД, Вес Митчел имаше изјавено дека е можно воведување на санкции против Турција, која се подготвува да го купи рускиот одбранбен ракетен систем С-400.