Hakan Çopur
01 Септември 2018•Ажурирај: 03 Септември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, на 5 септември во Вашингтон ќе се состане со кувајтскиот емир Сабах ал Ахмад ал Џабер ал Сабах, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Белата куќа, шеикот Сабах ќе престојува во работна посета на САД, а во таа пригода ќе одржи состанок и со Трамп.
Нагласено е, исто така, дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералната соработка на Кувајт и САД, како и за актуелните случувања во регионот.
Кувајтскиот емир последен пат во САД престојуваше во септември минатата година.