Ekipa
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
КАИРО (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес се сретна со својот египетски колега Абдел Фатах ал-Сиси во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на првата посета во странство, Трамп денес ќе присуствува на самитот во Ријад, на кој ќе присуствуваат претставници од 55 исламски земји.
Египетската државна телевизија објави дека Трамп во таа пригода истакнал дека ќе работи на интензивирање на билатералните односи со официјален Каиро.
Телевизијата, исто така објави дека Трамп најавил дека наскоро ќе престојва во официјална посета на Каиро, а се чека потврдување на најавената посета.
Минатиот месец, Сиси го посети Вашингтон, и во Белата куќа со американскиот претседател Трамп разговараше за унапредување на билатералните односи, кои значително се редуцирани за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама.