свет

Трамп во Лондон дочекан со протести

Протестите против неговата посета беа одржани во организација на познатата британска антивоена организација „Stop The War Coalition".

İnci Gündağ  | 13.07.2018 - Обновена : 13.07.2018
Трамп во Лондон дочекан со протести (Foto: Tayfun Salcı/ AA)

London

ЛОНДОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на Англија во престолнината Лондон, беше дочекан со протести, јавува Anadolu Agency (AA).

Протестите против неговата посета беа одржани во организација на познатата британска антивоена организација „Stop The War Coalition" (STWC).

На протестите одржани пред седиштето на амбасадата на САД во Лондон, каде вечерва ќе престојува Трамп, се собраа голем број на граѓани.

Демонстрантите сепак не можеа да се приближат на зградата која ја обезбедуваа голем број на припадници на безбедносните сили.

Насобраните со часови создаваа врева со свирки и ги извикуваа слоганите како што се „Не те сакаме тука Трамп“, „Јасно да му кажеме на Трамп: Не си добредојден тука“...

Демонстрантите исто така повикаа да бидат откажани планираните состаноци на премиерката Тереза Меј и британската кралица Елизабет II со американскиот претседател.

Се очекува да бидат продолжени протестите на различни локации за време на четиридневната посета на Трамп на Англија и Шкотска.

Британските медиуми пред самата посета пишуваа дека американскиот претседател воглавно ќе го избегнува Лондон, каде продолжија бројни протести против неговото доаѓање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın