Merve Aydoğan
13 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 19 лица загинаа и 12 се повредени во екслозија на хемиско постројување, која се случи вчера во југозападниот кинески град Сичуан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција „Синхуа" објави дека експлозијата се случила во 18.30 часот по локално време во хемиското постројување во фабриката „Yibin Hengda Technology Co.", која се наоѓа во индустриската зона на градот Јибин во округот Јианг.
Владата на округот Jiang соопшти дека екзплозијата предизвикала пожар, кој е изгаснат утринава, и дека повредените лица се во стабилна состојба, јавува „Синхуа".