Emre Aytekin
29 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Според критериумите зададени во анализата за безбедноста во 60 светски метрополи, Токио, главниот град на Јапонија, е избран за „најбезбеден град“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави јапонската новинска агенција „Кјодо“, Агенцијата за истражување „Economist Intelligence Unit“, која е дел од списанието „Економист“ („The Economist), подготвила листа на „Најбезбедни градови во светот“, според која, на првото место како најбезбеден град во светот се наоѓа Токио.
Меѓу 60 метрополи во светот, третпат по ред Токио се најде на врвот на листата најбезбедени градови во светот според личната безбедност, дигиталната безбедност, здравствената безбедност и инфраструктурната безбедност.
По Токио, на листата на најбезбедни градови во светот следуваат градовите Сингапур, Осака, Сиднеј, Торонто, Вашингтон, Копенхаген, Сеул и Мелбурн.