Handan Kazancı
15 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерството за надворешни работи на Иран ги поздрави плановите на Турција да изгради ѕид долж турско-иранската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ја поздравуваме секоја иницијатива што има за цел границата помеѓу двете земји да ја направи побезбедна", рече Бахрам Хасеми, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи, во денешното обраќање во Техеран.
Тој додаде дека турските власти веќе го информирале Техеран за изградбата на ѕидот, и наведе дека ѕидот ќе биде подигнат на турската страна на границата.
„Граничната безбедност е важно прашање за нас и за Турција", заклучи Хасеми.
Фикри Ишик, министер за одбрана на Турција, минатата недела рече дека изградбата на ѕидот има за цел да се подобри регионалната безбедност.
Eрѓун Туран, директор на турската Дирекција за јавна станбена изградба (ТОКИ), информира дека успешно е завршен тендерот за изградба на ѕидот долг 144 километри и додаде дека првата фаза од градежните работи започна во октомври оваа година.