Muhammet Kurşun
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 15.700, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 216 лица.
Лари нагласи дека вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 15.700.
Таа информира дека во земјата дијагностицирани се уште 2.333 случаи на овој вирус, со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се зголеми на 291.172.
Според Лари, 3.695 од пациентите се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата излекувани се вкупно 253.213 лица.