Eşref Musa,Burak Karacaoğlu,Ömer Koparan
24 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Двајца војници на Сириската национална војска (СНВ) се ранети во самоубиствениот напад организиран од терористичката организација ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Терористите организираа самоубиствен напад со бомба врз седиштето на Сириската национална војска (СНВ) во центарот на градот Тел Абјад, на сириска територија, спроти округот Акчакале во градот Шанлиурфа, Турција.
Во нападот се повредени двајца војници на СНВ.
Повредените војници на СНВ се пренесени во болница. Пожарот избувнат во околината е изгаснат.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, и покрај договорот меѓу Турција и САД од 17 октомври за нејзино повлекување од безбедносната зона, продолжува со нападите во областите Тел Абјад и Рас ал Ајн.
Министерството за национална одбрана на Турција на 22 октомври соопшти: „Додека Турските вооружени сили (ТСК) во целост го почитуваат договорот за воспоставување на безбедносната зона, терористите на ЈПГ/ПКК досега 42 пати го прекршија договорот.“
Истиот ден, тројца војници на СНВ загинаа, а 18 војници беа повредени во напад со автомобил бомба од страна на терористите.