Orhan Onur Gemici
24 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - „Турските безбедносни сили уништија 40 мини и 227 импровизирани експлозиви во антитерористичката операција во северна Сирија“, соопштува Министерството за национална одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Министерството исто така работи со руските официјални претставници на механизмите за имплементација на договорот од Сочи“, изјави за новинарите портпаролката на Министерството, Надиде Шебнем Актоп.
„Лебови подготвени во пекарница од Турските вооружени сили во Тел Абјад беа доставени меѓу локалниот народ во регионот и им беше пружена и здравствена поддршка во станицата за прва помош“, рече Актоп.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Претседателот Ердоган се состана со рускиот колега Владимир Путин во Сочи и постигна договор што вклучува почеток на заеднички турско-руски патроли во северна Сирија.
Анкара и Москва постигнаа договор, според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат на 30 километри (18,6 милји) јужно од границата на Турција со северна Сирија во рок од 150 часа, а безбедносните сили од Турција и Русија ќе спроведат заеднички патроли таму.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.