свет

Терористички напад во Пакистан: Загинаа седум, ранети 24 лица

Вооружен напаѓач отвори оган врз полициски пункт во градот Дера Исмаил Кан, а потоа жена самоубиец изведе бомбашки напад пред болницата во која се носени настраданите од првиот напад

Amir Latif Arain  | 21.07.2019 - Обновена : 22.07.2019
Терористички напад во Пакистан: Загинаа седум, ранети 24 лица

КАРАЧИ (AA) – Најмалку седум лица загинаа, а 24 се ранети во двократен терористички напад кој утрово се случи на северозападот на Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).

Вооружен напаѓач отвори оган врз полициски пункт во градот Дера Исмаил Кан во покраината Кибер Пактункава.

Комесарот на полицијата, Салем Риаз, соопшти дека најмалку двајца полицајци се убиени во нападот, а повеќе лица се ранети.

Половина час подоцна, жена самоубиец го активираше експлозивот, што го имала на себе, пред болницата во која се носени настраданите од првиот напад.

Во силната експлозија загинаа пет лица, вклучувајќи и двајца полицајци.

Најмалку 24 лица се ранети.

Дера Исмаил Кан е град кој се наоѓа во близина на пакистанско-авганистанската граница и е место на чести терористички напади од 2004 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.