Ali Murat Alhas
26 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
РАКА (АА) - Сирискиот град Рака, кој е мошне разурнат од воздушните напади на САД и од судирите меѓу терористичките групи ДЕАШ и ПКК/ПЈД, е пљачкосувана од страна на ПКК, кој им оневозможува на жителите да се вратат во своите домови, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржана од страна на САД, СДФ којашто исто така спаѓа под ПКК/ПЈД, на 6 јуни започна воена кампања за протерување на ДЕАШ од Рака.
Видео-снимката што ја направи репортерот на АА покажува колку е уништен градот.
На снимката се гледаат две големи згради коишто се претворени во урнатини, и голем број возила затрупани под урнатините.
Покривите на многу продавници во градот се урнати, додека други продавници стојат празни.
Во изјавата за АА, локалните жители се пожалија дека терористите од ПКК/ПЈД ги ограбиле нивните домови и продавниците.
Тие рекоа дека на жителите на населбата Сабахије не им било дозволено да се вратат во своите домови од страна на терористите на ПКК/ПЈД.
Според активистичката мрежа „Рака се убива тивко“ (RBSS), која го следи прекршувањето на правата и воените злосторства во градот, во воената кампања против ДЕАШ загинале 2.000 цивили, а повеќе од 450.000 се раселени.
Според проценките на „RBSS“, околу 90 отсто од градот е уништен во неодамнешните судири.