Sarp Özer
31 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
АНКАРА (АА) – Вчера, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ уништени се 99 позиции на ДЕАШ и 4 позиции на ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од турските вооружени сили, продолжува операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна на 24 август со цел отстранување на терористичките закани и обезбедување на подрачјето околу турската граница, како и поддршка на коалициските сили во борбата против терористичките организации во северниот дел од Сирија, првенствено против ДЕАШ.
Во 69. ден од операцијата, специјалните единици на умерената опозиција успеале да воспостават контрола врз селата Ташлихојук, Тел ел Хава и Салва од подрачјето на Раи, и продолжиле со расчистување на минските полиња.
Во вчерашните судири загинале шестмина припадници на Умерената сириска опозиција, додека 18-мина се ранети. Погодени се 99 позиции на терористичката органзиација ДЕАШ и 4 на терористичката организација ПКК/ПЈД. Специјалните тимови на умерената опозиција за откривање и деактивирање експлозивни направи, вчера успеале да уништат 6 рачно изработени експлозивни бомби. Со тоа, од почетокот на операцијата досега, специјалните тимови успеале да неутрализираат 33 мини и 1.375 рачни изработени експлозивни бомби.
Со поддршката што ја добива, умерената опозиција од почетокот на операцијата досега успеа да ослободи простор од околу 1.350 квадратни километри.