Ahmet Gürhan Kartal
26 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
ЛОНДОН (АА) - Најмалку 26 лица се уапсени ширум Европа, како дел од истрагата за шверц на луѓе, објави денес европската полициска агенција Европол, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Европол и Еуроџаст денеска ги поддржаа истражителите и судските органи од пет различни земји-членки на ЕУ (Белгија, Бугарија, Франција, Холандија и Велика Британија), за растурање на мрежата за шверц на мигранти, која оперираше низ цела Европа“, се вели во соопштението на Европол.
Со седиште во Хаг, Холандија, Европол им помага на земјите-членки на ЕУ во нивната борба против меѓународниот криминал и тероризмот.
Британската полиција уапси 11 лица во Лондон, Бирмингем и во Гејтсхед. Осуммина се уапсени во Белгија, додека седум лица во Бугарија.
Според Европол, уапсените лица се сомничат дека се дел од мрежата која ја помага незаконската имиграција од земјите како Авганистан, Ирак и Пакистан, во Европската Унија, со прекршување на законот за имиграција.
„Надлежните проценуваат дека од јуни 2016 година се случиле над 48 илегални преминувања, при што околу 400 мигранти по илегален пат пристигнале во Европа преку оваа организирана криминална група“, се додава од Европол.