Etem Geylan,Çiğdem Alyanak
09 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев, претседателот на Азербејџан Илхам Алијев и со претседателот на Либан, Мишел Авн околу последните случувања во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателските извори, Ердоган изутрина разговараше на телефон со лидерите на Казахстан, Азербејџан и Либан околу случувањата во Ерусалим, каде беше посочено дека обидот на админситрацијата на САД за признавање Ерусалим како главен град на Израел негативни ќе влијае врз мировниот процес во Блискиот Исток.
Ердоган нагласи дека е потребно да се заштити статусот на овој град кој е свет и за муслиманите. Тој за време на разговорите истакна дека патот на мирот и стабилнсота поминува низ формирањето на една независна и суверена палестинска држава со границите од 1967 година и со главен град Источен Ерусалим.
Исто така, за време на телефонските разговори се дискутираше дека Вонрадниот исламски самит кој Турција како председавач на Организацијата за исламска соработка ќе го одржи на 13 декември, во среда, во Истанбул, е значаен за покажување заеднички став.