Lokman İlhan
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
БОГОТА (АА) - Најмалку 45 лица се повредени во тепачката која се случи меѓу затворениците и стражарите на затворот во Колумбија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, се случила тепачка за време на претрес во ќелиите во казнено поправниот дом Белависта во областа Антиохија.
Во настанатата тепачка во која биле користени ножеви, мечови и ками, најмалку 45 лица се повредени од кои четири се тешко повредени.
Според соопштението на претставниците на здруженијата за човекови права во регионот, оваа тепачка се случила по една тепачка настаната вчера каде двајца биле повредени.
Исто така, се тврди дека безбедносните сили за време на претресот без причина ги напаѓале затворениците како и користеле солзавец.