Cüneyt Karadağ
17 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на германската Влада, Штефен Хеберстрајт, соопшти дека Шолц телефонски разговарал со Зеленски, со кого е во редовен контакт.
Шолц во разговорот со Зеленски се осврнал на моменталната воена и хуманитарна состојба во Украина.
Двајцата лидери се согласија дека Русија треба веднаш да стави крај на непријателствата за преговорите за дипломатско решение меѓу Украина и Русија, и дека руските единици треба да се повлечат од Украина.
Шолц и Зеленски разговараа за можностите да се даде поголема поддршка за Украина, а се договорија да бидат во близок контакт.