свет

Германија: Аргументите на Турција треба да се сфатат сериозно

- Германската министерка за одбрана, Кристине Ламбрехт, истакна дека е важно сериозно да се сфатат загриженоста и аргументите на Турција во врска со можното членство на Финска и Шведска во НАТО

Erbil Başay  | 17.05.2022 - Обновена : 18.05.2022
Германија: Аргументите на Турција треба да се сфатат сериозно

БЕРЛИН (АА) - Германската министерка за одбрана, Кристине Ламбрехт, истакна дека е важно сериозно да се сфатат загриженоста и аргументите на Турција во врска со можното членство на Финска и Шведска во НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за медиумите во рамките на состанокот на министрите за одбрана на Европската Унија (ЕУ) во Брисел, главниот град на Белгија, Ламбрехт рече дека е среќна за напорите на Финска и Шведска да станат членки на НАТО и дека тоа би било добро за двете земји, а исто така и за НАТО.

Наведувајќи дека двете земји ќе го збогатат НАТО, Ламбрехт рече: „Сите одлуки во врска со влезот на Финска и Шведска во НАТО треба да се донесат едногласно. Поради оваа причина, важно е да разговараме многу интензивно со Турција и да се сфатат сериозно загриженоста или аргументите на Турција. Но, приклучувањето на две моќни земји од ЕУ, Финска и Шведска, во НАТО е богатство за НАТО. Верувам дека и Турција ќе биде убедена во тоа.“

Ламбрехт наведе дека во прв план треба да се постави аргументот дека влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе ја зајакне нивната безбедност.

Нагласувајќи дека Германија го поддржува зачленувањето на двете земји во НАТО, Ламбрехт нагласи: „Имаме добри аргументи. Тоа ќе биде од корист не само за Финска и Шведска, туку и за НАТО.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.